Friday, September 12, 2008

Џанфранко Ѕола нов тренер на Вест Хем


  • Свесен сум дека немам големо тренерско искуство, но во фудбалот сум повеќе од 20 години. Ќе направам сè за да ја оправдам довербата - изјави Италијанецот на промоцијата во новиот клуб, каде ќе престојува наредните три години.
    Како што беше најавено, Џанфранко Ѕола и официјално беше претставен како нов менаџер на англискиот премиерлигаш Вест Хем.
    Поранешниот фудбалер на Челзи потпиша тригодишен договор со „Чеканите“, а ќе дебитира следниот викенд на мечот против Њукасл, додека утре тимот против Виган ќе го води Кевин Кин.
    - Како фудбалер на Челзи поминав седум одлични години во Англија и сега се надевам дека и следните неколку како тренер ќе ми бидат исто толку успешни. Ќе направам сè што е во моја моќ да ја оправдам довербата која ми ја даде клубот. Му благодарам на раководството што ми ја укажа оваа чест и горд сум што можам да предводам ваков тим. Свесен сум дека немам големо тренерско искуство, но во фудбалот сум повеќе од 20 години. Верувам дека играчите ќе ми излезат во пресрет и мислам дека сè ќе биде во ред. Нестрплив сум да започнам со работата во тимот - изјави Италијанецот на својата промоција.
    Инаку, во последните 7 години, ова е петтиот тренер на овој лондонски тим, но прв странец.

Усеин Болт во Реал Мадрид ?


Иако информацијата дека Болт доаѓа во Мадрид се рашири многу брзо низ јавноста, сепак се уште не е одреден точниот датум
Најбрзиот човек на светот Усеин Болт без да се двоуми ќе ја прифатил понудата да тренира за шпанскиот фудбалски клуб Реал од Мадрид.
Спринтерот од Јамајка ги држи светските рекорди на 100 и 200 метри, кои ги постигна на Олимписките игри во Пекинг, а се закити и со златен медал за штафетата 4х400 метри.
Харизматичниот Болт е ѕвезда во атлетиката, исто толку колку што е популарна екипата на Реал во фудбалот.
- Добив повик од мадридски Реал да тренирам со нив и бидете сигурни дека тоа и ќе го сторам - изјавил Болт.

Thursday, September 11, 2008

Фудбал : Норвешка - Македонија 0:0


Репрезентацијата на Македонија под 21 година одигра без голови на гостувањето во Норвешка во последното коло од квалификациите за Европското младинско првенство.
Добар резултат на нашите надежи во последниот натпревар од квалификациите за младинското Европско првенство, Македонија одигра 0-0 на гостувањето кај фаворитот Норвешка.
По неочекуваниот пораз од Естонија, младата репрезентација на Македонија одигра многу подобар натпревар со врсниците од Норвешка и успеа да остане непоразена.
Со овој резултат Македонија со осум бода ги заврши квалификациите за Европското првенство на четврата позиција во групата, пред репрезентацијата на Естонија, зад Холандија, Швајцарија и Норвешка.

Wednesday, September 10, 2008

Фудбал : Македонија - Холандија 1:2



Македонските фудбалски репрезентативци загубија од 4-то рангираната светска велесила во вториот натпревар од Квалификациите за Светско Пренство 2010.
Македонија започна одлично доминираа во играта беа подобри во дуелите и имаа подобри шанси но сепак првото полувреме заврши со резултат 0:0.
Второто полувреме започна и веднаш во 46-та минута Хејтинга беше стрелец за голот,подоцна стигна и 0:2 во 60-та минута стрелец на голот беше Рафаел Ван дер Варт.
За намалување на на резултатот стрелец беше Горан Пандев од пенал,при крајот на утакмицата нашата репрезентација имаа доста добри шанси но не ги искористија.
Во вториот натпревар од нашата група Шкотска на гостински терен го совлада Исланд 2:1. Следниот натпревар на нашата репрезентација го игра токму на теренот на Исланд на 15-ти октомври.


Одбојка : Чешка - Македонија 3:0


Машката одбојкарска селекција на Македонија со пораз во Свитав ги почна квалификациите за Евро шампионатот.
Дуелот со домаќинот, Чешка, воведен во бараж двомечот, што решава за место на Евро шампионатот во Турција, идната година, е сепак само прв дуел.
Избраниците на Светислав Пеица ќе треба да докажат и покажат што знаат пред своја публика.
Инфериорни бевме и делувавме како да немаме сили изгубивме експресно, како за миг од секундата да беше 3:0 за противникот, сепак ќе почекаме до реванш натпреварот.

Кошарка : Македонија - Естонија 90:78


Македонските кошаркари го направија можеби решавачкиот чекор кон европското првенство во Полска наредната година. Ја совладаа Естонија на нејзин терен со 90:78 и широко ја отворија портата за враќање во елитата.
Баравме и остваривме победа на туѓ терен што, според калкулациите, со три триумфи дома би требало да не однесе на шампионатот во 2009-та.
Ако се знае дека ќе патуваме уште кај аутсајдерот Португалија, а ќе ги дочекаме балтичките противници, дуелот со Летонија логично е да биде последната пречка за првата позиција во групата, која директно обезбедува билет за Полска.

Во Талин денеска Естонците ни парираа до пред полувремето. На крајот на првата четвртина беше 22:22, а во втората се одлепивме со 24:15, и тоа со серија пред сирената.
Кошот на Гечевски и тројките на Врбица и на Ристе Стефанов ни овозможија да заминавме на одмор со плус девет.
Во продолжението рутински ја одржувавме разликата. Естонија не беше ривал што можеше да го загрози составот во кој најефикасен беше Мејси со 20 коша.
Гечевски постигна 13, а по 13 имаа Врбица Стефанов и Антиќ.

Најава : Македонија - Холандија


Вечерва 10.09.2008 со почеток 20 часот и 30 минути македонската фудбалска репрезентација со Холандија ќе го одигра вториот квалификационен натпревар за Светското фудбалско првенство 2010 година.
Триумфот над Шкотска се уште предизвикува воодушевување во македонската спортска јавност, кога Македонија поведе со 1:0.

Денеска ќе се одмерат силите со четврторангираната селекција во светот. Селекторот Среќко Катанец е свесен за предизвикот.
„Холандија за мене беше број два на Европското првенство и според мене играше најубав фудбал. Знаеме што направија во групата, тоа го почитувам, реално. Ќе биде исклучиво тежок натпревар но тргнуваме од 0:0, па ќе видиме што ќе се случи“, изјави Среќко Катанец.
Македонија и Холандија беа во иста група за претходниот мундијалски квалификациски циклус, при што одиграа две реми, во Скопје 2-2 и во Амстердам 0-0.
Во вториот натпревар од квалификационата група во која е Македонија, денеска се игра и мечот Исланд - Шкотска.

За гледање на натпреварот можете тука http://macedoniantv.blogspot.com/